
Во еден ист ден, на 10 октомври, беа отворени првите три продавници „Идеа органик“ во Белград, на улиците Краљ Петар, бр. 74, Светогорска, бр. 22 и на Патријарх Варнава, бр. 24.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во еден ист ден, на 10 октомври, беа отворени првите три продавници „Идеа органик" во Белград, на улиците Краљ Петар, бр. 74, Светогорска, бр. 22 и на Патријарх Варнава, бр. 24.
Според трговецот, новиот формат продавници се доказ дека здравата храна повеќе не е луксуз. Потрошувачите имаат избор од производи на мерење, кои се значително поевтини во однос на спакуваните. Освен органска храна, асортиманот го сочинуваат безглутенски, диететски, макробиотички, посни и свежи производи за носење. Асортиманот на производи Fresh Square вклучува: свежи сендвичи, салати, свежи сокови, супи, колачи...
„Идеа органик" ги разбира потребите на потрошувачите и знае дека стручната помош е од огромно значење. Затоа, во светот на здравата храна купувачите ќе ги воведуваат нутриционисти, кои ќе им помагаат при изборот, велат од „Идеа".