
Кон крајот на април „Меркатор“ отвори три преуредени објекти – два маркета во Вевче и Љубљана и супермаркет во Медводе.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Кон крајот на април „Меркатор" отвори три преуредени објекти – два маркета во Вевче и Љубљана и супермаркет во Медводе.
Маркетот во Љубљана е проширен за 500 квадратни метри, а проширена е и понудата со пекарски производи и оддел за зеленчук и овошје. Воведени се три тик-так каси, како и автомат за кафе на влезот од маркетот.
Во маркетот во Вевче обновена е опремата, а преуреден е и ентериерот во согласност со потребите на купувачите.
Восупермаркетот во Медводе инсталирана е нова опрема и проширена е понудата во која се вклучени готови јадења и месарница.
Од „Меркатор" информираат дека се отворени и реновираните маркети во Ормож, каде што е изграден нов оддел за овошје и зеленчук, а слична трансформација имаа и објектите во Љубљана, на ул. „Стритарјева цеста" и маркетот во Брежице.