
Експанзијата на „Бипа“ продолжува и во 2018 година. Во Пула е отворена 99. продавница „Бипа“, а воедно и втората во овој град.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Експанзијата на „Бипа" продолжува и во 2018 година. Во Пула е отворена 99. продавница „Бипа", а воедно и втората во овој град.
Новата „Бипа" има модерен дизајн, чиј акцент е на природните материјали, така што во целиот простор преовладуваат неутрални, пастелни бои и индустриски стил.
Во рамките на продавницата има и посебно дизајнирано катче за шминкање со сите потребни додатоци и адекватно осветлување. На денот на отворањето за сите купувачи беше организирано и бесплатно шминкање.
Следејќи го слоганот „Разубавете го денот" новата „Бипа" во Пула нуди одличен избор на парфеми, производи за нега на лице, тело, коса, производи за мажи, но и средства за одржување на хигиената во домот. Покрај познатите брендови, во „Бипа" можат да се најдат и производи од сопствената трговска марка: Today, Clever, Bi Good, Look by Bipa, Babywell, изјавија од „Бипа".
За родителите и за нивните малечки, во „Бипа" има понуда на широк асортиман на производи, а за трудниците и за родителите со деца до три години, тука е и лојалити-програмата „Клуб".