
Кон средината на ноември во Осијек почна со работа првата специјализирана фабрика за бурек во Хрватска.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Кон средината на ноември во Осијек почна со работа првата специјализирана фабрика за бурек во Хрватска.
Идејата за оваа фабрика ја доби претприемачот Мато Шкојо, првиот човек на „Млинара", пекарница што ја купи пред пет години.
Тргнувајќи од фактот дека на хрватскиот пазар бурекот станува сè позначајна категорија, Шкојо одлучи да инвестира во нова фабрика за производство на бурек, чија изградба достигна вредност од околу пет милиони евра.
Според зборовите на техничкиот директор на „Млинара", Марија Попијаќ, дневниот капацитет на фабриката е 430.000 парчиња бурек, а кога погонот ќе добие две дополнителни линии, тој број ќе се искачи на 700.000 парчиња бурек.
Во процесот на производство работат 40 вработени, а во план се вработувањата да се прошират на 110 луѓе.