
На почетокот на месецов со работа почна првата фабрика за производите Dr.Oetker, во Шимановци, Србија. Станува збор за современа фабрика со годишен производствен капацитет од 6.000 тони.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
На почетокот на месецов со работа почна првата фабрика за производите Dr.Oetker, во Шимановци, Србија. Станува збор за современа фабрика со годишен производствен капацитет од 6.000 тони.
Широкиот асортиман на производи, произведени во фабриката, ќе се најдат на полиците во маркетите во Србија и во регионот.
Постојаните иновации се насочени кон задоволување на новите потреби во согласност со модерните трендови на пазарот. Портфолиото во Србија е препознатливо според традиционалните производи како прашок за печиво, ванилин шеќер, пудинг, како и брзорастечките категории како што се овесни каши и асортиман за декорација, соопштуваат од компанијата.
Инаку, „Др. Еткер" во Србија работи од 2013 година во закупен простор на поранешната фабрика „Арома" во Баново брдо. Новата фабрика се состои од административен, технички, производствен дел и дел за складирање.