
Кон крајот на февруари, Ајдовшчина стана побогата за нов објект dm, кој се наоѓа на ул. „Мирцах“ бр.8.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Кон крајот на февруари, Ајдовшчина стана побогата за нов објект dm, кој се наоѓа на ул. „Мирцах" бр.8.

Објектот се простира на 529,60 м² и има две каси. За услугата се грижат шестте вработени.
Во новата продавница, како и во другите, во понуда се околу 21.000 различни производи, од кои повеќе од 4.300 се приватни трговски марки на dm.
На денот на отворањето потрошувачите имаа можност да пазарат производи по намалени цени, а ги очекуваа и многу други погодности.
Сите дами бесплатно можеа да уживаат во педикир и маникир и да ги пробаат производите од линијата IT UP. Најмладите, пак, можеа бесплатно да ги пробаат мафините dmBio, подготвени од шефот Матеј Зупанчич.