
Продавницата dm во „Сараево сити центар“ е целосно реновирана според европски стандарди, а продажниот простор е проширен за 154 м², со што таа е сега најголемата продавница во БиХ.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Продавницата dm во „Сараево сити центар" е целосно реновирана според европски стандарди, а продажниот простор е проширен за 154 м², со што таа е сега најголемата продавница во БиХ.
Преуредената продавница dm се наоѓа на ул. Врбања" бр.1 (Трговски центар Сараево сити центар).
Регионалниот менаџер Едиса Лачиќ по повод отворањето истакна дека dm континуирано вложува во унапредување и модернизација на своите продавници. Следејќи ги потребите и барањата на купувачите постојано се обидуваме да ја подобриме понудата, а нашите продавници ги приспособуваме и преуредуваме во согласност со потребите на пазарот. Освен во промената на изгледот на продажниот простор, проширен е и асортиманот со дополнителни производи: за нега и бојадисување на коса, за мажи, интимна нега, детска програма и додатоци за бебиња. Новитет на полиците се играчките за бебиња и за деца. За прв пат, токму во оваа продавница dm во посебен дел е издвоена козметиката за бебиња во рамките на т.н „бејби шала", објасни Лачиќ.
На денот на отворањето на продавницата dm за сите купувачи обезбеди подароци и намалување на одредени производи. Најмалите посетители уживаа во креативна работилница со кловн и со јунаците од цртаните филмови, мини голф и возење со автомобили на далечински управувач.