
Новата фабрика за производство на водата Mg Mivela во близина на Трстеник, почна со работа откако во неа е инвестирано повеќе од 530 милиони динари.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Новата фабрика за производство на водата Mg Mivela во близина на Трстеник, почна со работа откако во неа е инвестирано повеќе од 530 милиони динари.
Изградбата на новиот производствено-складиштен простор со вкупна површина од 2.700 квадратни метри, со соодветно енергетско проширување и монтажа на најсовремената машина за полнење вода, е реализирана за помалку од една година, се наведува во соопштението на компанијата и се додава дека во реализацијата на инвестицијата вклучени се исклучиво домашни изведувачи.
На инвестицијата и претходеше адаптација и проширување на природниот извор, како и реконструкција на спомен-чешмата на водата Mg Mivela.
Од компанијата потсетуваат дека првото шише вода Mg Mivela e наполнето во 1984 година и додаваат дека интензивното вложување во развојот на пазарот, во текот на претходните неколку години и зголемувањето на пазарот, доведе до зголемување на капацитетот и модернизација на фабриката.
Реализираната инвестиција дава силен придонес во развојот на стопанството и отвора можност за подобрување на имиџот на трстеничкиот крај.