
Турската државна агенција за соработка и координација отвори фабрика за производство на маслиново масло во која е вложено 250.000 евра.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Турската државна агенција за соработка и координација отвори фабрика за производство на маслиново масло во која е вложено 250.000 евра.
Фабриката има капацитет за производство од 200 тони маслиново масло во една сезона, а отворена е во рамките на проектот „Програма за поддршка на безбедноста на храната и животот во земјите на Балканот и во Источна Европа.
Турската државна агенција соопшти дека ѝ помага на Црна Гора да го унапреди производството на маслинки, за поефикасно да може да излегува на светските пазари, со оглед на тоа што во оваа земја технологијата за производство на маслиново масло е застарена.
Во март се најавени обуки за производителите на маслинки, а програмата на обуките ќе биде поддржана од турските технологии, кои се водечки на меѓународните пазари.