
Компанијата „Идеа“ ја отвори преуредената продавница „Идеа Оаза“, што нуди широк асортиман, а се наоѓа во Врачар, на ул. „Кирил и Методиј“, бр. 8.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Идеа" ја отвори преуредената продавница „Идеа Оаза", што нуди широк асортиман, а се наоѓа во Врачар, на ул. „Кирил и Методиј", бр. 8.
Покрај богатиот асортиман на секојдневните производи, како што се свежото овошје и зеленчук по најповолни цени, свежо печиво, разновидна понуда на месо со контролирано потекло, козметика и производи за хигиена во домот, „Идеа Оаза" сега нуди и голем избор на опрема и апарати за во домот, соопштено е од компанијата.
По повод отворањето на реновираниот објект, компанијата „Идеа" подготви бројни изненадувања за своите купувачи, како можноста за бесплатно купување за секој стоти купувач, ваучери со попуст од 10% за наредно купување, а за сопствениците на „Супер Картичката" следуваат двојни бодови при секое купување.
Со одлуката да ја модернизираме првата продавница во Белград, уште еднаш ги изненадивме нашите сограѓани, истакнаа од компанијата.