
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Повеќе стотици најмлади загрепчани се собраа во „Арена центар“ на отворањето на првата специјализирана продавница „Лего“ во југоисточна Европа. Асортиманот на „Лего“, составен од креативни играчки за деца и возрасни, на купувачите им е достапен на простор од над 150 квадратни метри.
Повеќе стотици најмлади загрепчани се собраа во „Арена центар" на отворањето на првата специјализирана продавница „Лего" во југоисточна Европа. Асортиманот на „Лего", составен од креативни играчки за деца и возрасни, на купувачите им е достапен на простор од над 150 квадратни метри.
Од ексклузивните линии производи Lego architecture и Lego technic за архитекти, инженери и сите оние кои се чувствуваат така, во понудата ќе има и комлети Lego Star wars за љубителите на „Војна на ѕвездите".
За лего-градителите, најинтересен е ѕидот Pick-A-Brick, од каде што ќе можат да избираат коцки по сопствена желба и да ги купуваат на килограм. Освен тоа, со помош на специјализираниот пулт Build-A-Miniќе можат на неколку илјади различни начини да ги комбинираат составните делови и да креираат сопствена и единствена лего-играчка.
Цените во продавницата најверојатно ќе бидат слични како и во останатите продавници низ Европа. „Лего" во Хрватска влезе преку унгарската компанија „Бравотел", што на хрватскиот пазар е присутна од 2006 година, во ИТ-бизнисот и во бизнисот за мобилни телефони.