
Во еден од најстарите делови на Белград, беше отворена нова дрогерија „Лили“, во чијшто состав влегува и аптека.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во еден од најстарите делови на Белград, беше отворена нова дрогерија „Лили", во чијшто состав влегува и аптека.
Отворањето беше обележано со многу изненадувања, големи намаленија на бројни производи, забава за најмладите, како и вредни подароци за бројните потрошувачи.
До лидерското место на пазарот, со најголема мрежа од продажни објекти, компанијата „Лили" стигна благодарение на своите потрошувачи. Сепак, од особена важност се и стремежите кон љубезна услуга, широкиот асортиман на производи и поволните цени, кон што „Лили" се стреми уште од отворањето на првата дрогерија во 2003 година, се наведува во соопштението од компанијата.
Со отворањето на објектот на улицата „Његош", бројот на дрогерии „Лили" се зголеми на 132, од што во рамките на 122 се вклучени и аптеки.