
Продавницата „Хиша Рефошка“ беше отворена во трговскиот центар „БТЦ Сити“ во Љубљана.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Продавницата „Хиша Рефошка" беше отворена во трговскиот центар „БТЦ Сити" во Љубљана.
Станува збор за обновената верзија на копарската „Хиша Рефошка", отворена пред седум години. Се наоѓа во јужниот дел на центарот и нуди целокупна понуда на вина од копарскиот крај. Главниот дел од понудата претставува палета од премиум вината Capris до Capo d’Istria, а понудата е дополнета со маслиново масло, пиранска сол и тартуфи.
Продажното место го отворија претседателот на Управата на „Винакопер", Невијо Пуцер и претседателот на управата на БТЦ, Јоже Мермал.