
Кон средината на април, отворена е фабриката за месо и месни преработки „Митрос“ во Сремска Митровица.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Кон средината на април, отворена е фабриката за месо и месни преработки „Митрос" во Сремска Митровица.
На отворањето беа присутни сопственикот на австриската компанија „Гирлингер", Јохан Гирлингер, градоначалникот на Сремска Митровица Бранислав Недимовиќ и премиерот на Србија Александар Вучиќ.
Гирлингер изјави дека инвестицијата е значајна за „Гирлингер", бидејќи се работи за најголемиот погон во рамките на холдингот. Тој најави дека производите ќе бидат пласирани на пазарите во Европа. Освен во Србија, со производите на „Митрос" ќе се снабдува и пазарот во Русија, а можен е влез и во Кина.
Да потсетиме, австриската компанија „Гирлингер холдинг" ја купи фабриката „Митрос" за 800.000 евра. Фабриката почна со работа во 1950 година. Во времето на поранешна Југославија била лидер во производство и вработувала околу 1.250 луѓе. Во 2009 година „Митрос" замина во стечај.