
Италијанската компанија за производство на разладна опрема „De Rigo Refrigeration“ во соработка со српскиот партнер компанијата „Смех“ го отвори првиот разладен погон во југоисточна Европа – во Стара Пазова.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Италијанската компанија за производство на разладна опрема „De Rigo Refrigeration" во соработка со српскиот партнер компанијата „Смех" го отвори првиот разладен погон во југоисточна Европа – во Стара Пазова.
Проширувањето на српскиот пазар е стратешка одлука на италијанската фирма, при што вработување ќе добијат околу 50 луѓе, од кои поголемиот број се високообразовани.
Особено сме среќни и горди што големиот и значаен произведувач на разладна опрема „De Rigo Refrigeration" одлучи токму во Србија да ја отвори својата прва фабрика во овој дел од Европа. Тоа значи дека големите странски компании ја гледаат Србија како перспективен и сигурен пазар, а нашите луѓе како квалитетен и посветен кадар. Се надеваме дека овој пример ќе биде поттик и за другите странски компании да постапуваат на сличен начин, изјави Александар Лазиќ, генерален директор и косопственик на фабриката во Србија.
| За компанијата: „De Rigo Refrigeration" работи од 1965 година и е еден од светските водечки производители на високо квалитетна професионално разладна опрема, со богата производна традиција. Има успешни деловни врски во сите континенти. Во асортиманот на компанијата се наоѓаат сите видови на разладна опрема за супермаркети, разладни комори, како и сложени разладни системи. „De Rigo Refrigeration" работи во рамките на групацијата „Де Риго", заедно со други компании, како што е „De Rigo Vision".„Де Риго" во 2013 година оствари промет од 500 милиони евра. Сите средства што беа наменети за реализација на свеченото отворање, фабриката ги насочи кон хуманитарните фондови и донации за евакуираното население од загрозените области што беа погодени од поплавите. |