
На 16 февруари беше отворен новиот хипермаркет „Бинго“ на улицата 770 Славна брдска бригада бб во Долни Вакуф, кој е 188. продажен објект на истоимениот трговски синџир.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
На 16 февруари беше отворен новиот хипермаркет „Бинго" на улицата 770 Славна брдска бригада бб во Долни Вакуф, кој е 188. продажен објект на истоимениот трговски синџир.
Објектот се протега на површина од 5.000 квадратни метри, од кои 3.000 квадратни метри се продажен простор. Хипермаркетот располага со богат асортиман на прехранбени и непрехранбени производи, предмети за домаќинството, текстил, техника и бела техника, а во рамките на продавницата работат и ресторан и игротека.
Денеска ја отворивме 188. продавница и на нашиот колектив му се придружија 68 нови колеги. Работата на следниот објект во Јајце веќе е во крајна фаза и планираме да продолжиме да инвестираме во Среднобосанскиот Кантон, изјави на отворањето Татјана Пауноски, раководител на службата за маркетинг во компанијата.
Честитки за нашата референтна, трговско-угостителска и брендирана компанија „Бинго". Долни Вакуф како средиште и крстопат на големите патишта доби еден репрезентативен продажен објект, за кој сметам дека е меѓу десетте најдобри во БИХ, истакна Тахир Лендо, премиер на Среднобосанскиот Кантон.
На денот на отворањето, за купувачите беа организирани бројни попусти, подароци и дегустација на различни производи, а за забавата на најмладите, беа задолжени маскотите Бингоси, Супер крила, Барни, Тета Виолета, Медо Бу и други.