
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Германската компанија „Др.Еткер“, на средината на мај, ја отвори првата фабрика во Србија. Објектот се простира на 8.000 квадратни метри, од кои 4.500 квадратни метри е производствен дел, 2.000 квадратни метри складиште и 1.500 квадратни метри административен дел.
Германската компанија „Др.Еткер", на средината на мај, ја отвори првата фабрика во Србија. Објектот се простира на 8.000 квадратни метри, од кои 4.500 квадратни метри е производствен дел, 2.000 квадратни метри е складиште и 1.500 квадратни метри административен дел.
Во фабриката се вработени 192 работника, а производствениот капацитет е 6.000 тони. Во фабриката се произведуваат 115 производи, главно прашкести - Dr.Oetker и C brend, наменети за Србија, како и за Косово, Црна Гора, Македонија и Албанија.
Оваа година е особено значајна за нашата компанија, бидејќи новата фабрика почна со работа на истиот ден кога одбележуваме 15 години успешно работење во Србија. Глобално, „Др. Еткер" инсистира на гарантиран квалитет за сите наши производи во согласност со највисоките прехранбени стандарди. Акцентот е ставен на иновациите со кои ја потврдуваме лидерската позиција и ги задоволуваме новите потреби на нашите потрошувачи, истакна Зоран Митиќ, управен директор на компанијата „Др. Еткер" – Србија.
Според Кристијан Вон Твикел, член на извршниот одбор на „Др. Еткер" во Германија, компанијата има производствени и продажни локации во повеќе од 40 земји во светот. Со повеќе од 11.500 вработени, компанијата забележа продажба од повеќе од 2,3 милијарди евра во 2015 година. Иако, на глобално ниво сме успешна и растечка компанија, не отвораме секој ден нова фабрика, така што ова е навистина специјален ден за нас, додаде Вон Твикел.