
На 7-ми ноември, дрогеријата ДМ ја отвори 51-та филијала во Нови Сад. Продавницата се простира на површина од 330 квадратни метри а во неа работат пет луѓе, од кои двајца се студенти.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
На 7-ми ноември, дрогеријата ДМ ја отвори 51-та филијала во Нови Сад. Продавницата се простира на површина од 330 квадратни метри а во неа работат пет луѓе, од кои двајца се студенти. Објектот располага со две каси.
На денот на отворањето, компанијата за купувачите обезбеди посебни акции, подароци и попусти, како и забавна програма за најмладите.
На овој ден се организираше и хуманитарна акција во рамки на која на каса работеа претставници од Националното здружение на родители на деца заболени од рак, а приходите остварени во овој период се донираа за потребите на ова здружение.