
Трговскиот синџир „Лидл“ вчера ги отвори вратите на 44-та продавница во Словенија. Продавницата се простира на 1.000 квадратни метри а во својата понуда има прехранбени и непрехранбени производи, претежно од домашни производители.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Трговскиот синџир „Лидл" вчера ги отвори вратите на 44-та продавница во Словенија. Продавницата се простира на 1.000 квадратни метри а во својата понуда има прехранбени и непрехранбени производи, претежно од домашни производители.
Нашите купувачи ги очекува проверена понуда на производи од трговските марки на „Лидл" од словенечки и меѓународни доставувачи, истакна Грегор Коси, генералниот директор на „Лидл Словенија". Тој нагласува дека компанијата се прилагодува на современиот купувач.
Понудата постојано ја дополнуваме и ја прилагодуваме на желбите на нашите купувачи. Нудиме се повеќе словенечки производи, а поради поголема побарувачка на еколошки производи и на тоа подрачје се трудиме да понудиме што поголем избор на производи, додава тој.