
Во загребачкиот трговски центар „Гетро Врбани“ се отвори 150-та продавница на ДМ во Хрватска.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во загребачкиот трговски центар „Гетро Врбани" се отвори 150-та продавница на ДМ во Хрватска.
Продавницата се простира на 402 квадратни метри, а купувачите во неа може да бираат помеѓу 12.000 различни производи, меѓу кои се и 21 брендови од приватната трговска марка на ДМ од асортиманот нега на тело, козметика, хигиенски производи, здравје, домаќинство, нега за бебиња, фото услуги и производи за домашни миленици.
Во деловната 2012/2013 година, ДМ инвестирал над два милиони евра во отворање шест нови продавници од кои во 150-та се инвестирани 0,24 милиони евра.
ДМ ја отвори првата продавница во Загреб во мај 1996 година, а според последниот извештај на „Нилсен" денес држи 26% од уделот на вкупниот пазар на дрогериски асортимани и вработува 1.225 луѓе во Хрватска.