
Во трговскиот центар „Кауфленд“ на ул. „Бранимирова“ отворена е 44-та продавница ДМ во Загреб. На продажна површина од 371 квадратни метри можат да се пронајдат повеќе од 12.000 производи.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во трговскиот центар „Кауфленд" на ул. „Бранимирова" отворена е 44-та продавница ДМ во Загреб. На продажна површина од 371 квадратни метри можат да се пронајдат повеќе од 12.000 производи.
Првата продавница ДМ е отворена токму во Загреб, во мај 1996 година, а денес ДМ заземаат 26% удел од вкупниот пазар на хрватскиот дрогериски асортиман и во моментот вработува 1224 работници, порачуваат од компанијата.
Со идните инвестиции и проширувања сакаме да бидеме достапни до што е можно поголем број граѓани, за да им понудиме богата понуда на производи, но и да им ја понудиме и филозофијата на ДМ според која човекот и грижата за заедницата е на првото место. Во оваа работна година во отворање на нови продавници и работни места инвестирани се 1,5 милиони евра, изјави Гордана Пицек од Управата за набавка, маркетинг и односи со јавноста на ДМ.
Во новата продавница на ДМ купувачите можат да најдат палета производи од 21 трговска марка од асортиманот за нега на телото, козметика, хигиенски производи, здравје, домаќинство, бебе, текстил, фото услуги и производи за домашните миленичиња.