
Во Омишаљ на островот Крк, на ул. „Пушќа“ бр. 150, отворен е „Супер Конзум“, 61-от во Хрватска, а вториот по ред на овој остров.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во Омишаљ на островот Крк, на ул. „Пушќа" бр. 150, отворен е „Супер Конзум", 61-от во Хрватска, а вториот по ред на овој остров.
Во новоотворената продавница, со вкупна површина од 1.800 квадратни метри вработени се 60 работници. Во продажните простори на „Супер Конзум" на купувачите достапен им е широк асортиман на производи со акцент на понудата на свежо овошје и зеленчук од домашно потекло, пекарница со секојдневно свежи печива и леб, потоа свежо месо и деликатеси. Новиот „Супер Конзум" содржи и дел за непрехранбени производи како и производи за домашна употреба.
Новиот продажен центар на Крк, визуелно и концептуално се разликува од останатите трговски центри на острвот, бидејќи акцентот е ставен на Крк како значајна туристичка дестинација. Во овој центар ќе биде отворен и информативен туристички центар финансиран од Министерството за туризам на Хрватска, со што целиот комплекс станува атрактивен мултимедијален простор што со својот изглед го привлекува вниманието на туристите и граѓаните.
Отворањето на новиот трговски центар на острвот Крк е продолжение на континуираните вложувања на „Конзум" во ширењето на малопродажната мрежа, особено на хрватското крајбрежје и на островите, нагласуваат од овој трговски синџир.