
Новата продавница на „Супер Конзум“ е отворена вчера, на ул. „Крал Томислав“, во рамките на трговскиот центар „Дуга Мол“. Ова е 58-от „Супер Конзум“ во Хрватска.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Новата продавница на „Супер Конзум" е отворена вчера, на ул. „Крал Томислав", во рамките на трговскиот центар „Дуга Мол". Ова е 58-от „Супер Конзум" во Хрватска.
Во продажниот простор со површина 2.841 квадратни метри, купувачите ги очекуваат повеќе од 30.000 производи. Во новиот трговски центар „Дуга Мол" вработени се 100 луѓе, од кои 75 во „Супер Конзум".
Новиот „Супер Конзум" во Цриквеница нуди прехранбени и непрехранбени производи. На купувачите на располагање им се 12 каси, 250 паркинг-места, како и услуги за плаќање на сметки, подигнување на пари или купување игри на среќа од „Хрватската лотарија".
По повод отворањето, „Конзум" донираше компјутери и подарок-пакети на Здружението на инвалиди на Цриквеница.
Во соопштението се наведува дека „Конзум" продолжува со ширење на својата продажна мрежа со отворање на нови продажни места.