
На 10 ноември „Конзум“ и „Малиот хрватски производител“ отворија Саем на домашни производи, а во продажната изложба учествуваа 50 учесници. Саемот се наоѓа во опремен простор пред маркетот „Конзум“ во Чрномерц, Загреб.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.

На 10 ноември „Конзум" и „Малиот хрватски производител" отворија Саем на домашни производи, а во продажната изложба учествуваа 50 учесници. Саемот се наоѓа во опремен простор пред маркетот „Конзум" во Чрномерц, Загреб.
„Конзум" го поддржа Саемот на домашни производи, во организација на проектот „Малиот хрватски производител". Целта на саемот е обезбедување можност за претставување на производите и на најмалите фирми, пред многубројни посетители.
Организаторот на проектот „Малиот хрватски производител", Марко Шпиљар од компанијата „Вораго", изрази благодарност на „Конзум" за нивната поддршка.
Директорот за маркетинг во „Конзум", Јосип Гргиќ, по повод отворањето изјави дека „Конзум" го поддржува домашното производство, од најголемите производители до, како што е овој случај, малите семејни производители на традиционални производи.
За посетителите саемот ќе биде отворен до 16 ноември, а освен во традиционалните мириси и вкусови на бројните јадења и пијалаци, гостите ќе имаат можност да уживаат и во звуците на традиционалната музика.