
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Универекспорт“ еден од водечките домашни трговски синџири, продолжува со вложување во својата продажна мрежа. Постоечкиот објект во Нови Сад, на ул. Браќа Јовандиќ“ бр.11, ја отвори вратата за потрошувачите, но во комплетно ново, реновирано издание.
„Универекспорт" еден од водечките домашни трговски синџири, продолжува со вложување во својата продажна мрежа. Постоечкиот објект во Нови Сад, на ул. Браќа Јовандиќ" бр.11, ја отвори вратата за потрошувачите, но во комплетно ново, реновирано издание.
Реновираниот објект се простира на површина од 270 квадратни метри во чии рамки поставена е нова и современа опрема, во нов и модерен амбиент. На потрошувачите понуден им е проширен асортиман со повеќе од 3.000 производи.
Во рамките на широката секојдневна понуда, овој објект на потрошувачите им нуди атрактивни намалувања и посебни погодности, како и можност за одложено плаќање, се наведува од трговскиот синџир.
На денот на отворањето потрошувачите освен подароци и гратис купувања, можеа да најдат и многу намалувања.