
„Меркатор“ го отвори својот најголем, реновиран објект, „Меркатор“ – Шишка во Љубљана, што е еден од 60-те обновени продавници на овој трговски синџир во последната година.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Меркатор" го отвори својот најголем, реновиран објект, „Меркатор" – Шишка во Љубљана, што е еден од 60-те обновени продавници на овој трговски синџир во последната година.
Реновирањето траеше еден месец. Објектот, сега, се простира на околу 6.500 квадратни метри, а само детското одделение се простира на 800 квадратни метри.
Хипермаркетот има посебен влез што е широк 20 метри, има осум тик-так каси и 22 каси. Одделот за позиционирање на флашираната вода е долг пет метри, фрижидерите се долги 170 метри, а сета останата разладна техника е долга 280 метри. Во рамките на хипермаркетот отворен е нов суши-бар.
Во „Меркатор" – Шишка има 203 вработени, четриесетина повеќе од претходно. Асортиманот на овој хипермаркет брои повеќе од 35.000 производи.