InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата ДМ на 26-ти септември ја отвори својата реновирана продавница во Травник. Со отворањето на дистрибутивниот центар во Блажуј, се намали магацинскиот простор на продавницата во Травник, со што се направи нов распоред на изложувањето на категориите на производи во продажниот простор, а полиците се наредија според желбите на потрошувачите.

Со реновирањето на купувачите им се олесни ориентацијата и изборот помеѓу 11.000 производи што го сочинуваат асортиманот на ДМ во продавницата од 380 квадратни метри.
Освен промената на изгледот на продажниот простор, асортиманот козмети е збогатен со воведувањето на брендот Bourjois, понудата на мириси се прошири на продажен простор од 5 метри, а се воведе и понуда на производи за мажи под називот Мens world, со што се надеваме дека ќе ги израдуваме и нашите дами и купувачите од посилниот пол, вели Мелиса Хечимовиќ, регионалниот менаџер на продавницата.