
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Објектот на трговскиот синџир „Дис“ во Крушевац, по реновирањето што траеше неполн месец, повторно почна со работа. Една од најголемите српски трговски фирми во домашно сопствеништво, на овој начин продолжува со почнатата акција на големи реновирања на сите маркети во Србија.
Објектот на трговскиот синџир „Дис" во Крушевац, по реновирањето што траеше неполн месец, повторно почна со работа. Една од најголемите српски трговски фирми во домашно сопствеништво, на овој начин продолжува со почнатата акција на големи реновирања на сите маркети во Србија.
Вкупната вредност на реновирањето е повеќе од еден милион евра, а најголемите промени се направени во внатрешноста на објектот.
Сега потрошувачите ќе можат, заедно со препознатливите ниски цени во „Дис", во новиот амбиент да се чувствуваат како да се наоѓаат во најскапите продавници во рамките на трговските центри. Висината на полиците е сменета и прилагодена на сите потрошувачи, променети се подовите, осветлувањето, а особено внимание им се посветува на категориите производи наменети за деца и за женската популација, објаснуваат од овој трговски синџир.
Исто така, детално се преуредени одделите за овошје и зеленчук и пекарницата, каде што ќе биде овозможено многу подобро ниво на услуга и подобар избор на производи. Голем чекор напред направен е и во полето на енергетската ефикасност. Поставени се нови полици за ладење од најсовремениот затворен тип, со што „Дис" ја покажува својата определеност кон општествената одговорност и еколошката ангажираност во работењето, додаваат од компанијата.