
Во Горажде е отворена првата продавница dm, која се простира на површина од 370 квадратни метри и се наоѓа на ул. „Ферид Диздаревиќ“ бр.3.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.

Во Горажде е отворена првата продавница dm, која се простира на површина од 370 квадратни метри и се наоѓа на ул. „Ферид Диздаревиќ" бр.3.
Во новата продавница dm вработени се четири луѓе, а во понуда е богат асортиман на реномирани производители, како и многубројни производи од приватните трговски марки на dm.
Отворањето го одбележа донација во вредност од околу 1.500 евра, а проследено е со богата забавна програма, со многу намалувања, подароци и наградна игра за потрошувачи, како и интересни содржини за најмладите.
И овој пат позитивната практика на dm продолжи. Така, на отворањето на првата продавница dm во Горажде врачени се чекови со донација од по 750 евра за Здружението на оболени од детска парализа и дистрофија и Здружението за помош на ментално заостанатите лица, соопштено е од компанијата.
Со работа на каса, донацијата ја поддржа началникот на Горажде Мухамед Рамовиќ, кој заедно со регионалниот менаџер на dm ги врачи наградите на претставниците на здруженијата.
Со овие донации сакавме да дадеме придонес кон заедницата во која работиме. Искрено се надевам дека ќе ги поттикнеме и другите компании на овој начин да им возвратат на граѓаните на Горажде за срдечното добредојде, рече Лачиќ.