
Компанијата „ПИК Ријека“ го отвори првиот свој аутлет за храна, продавница во која потрошувачите ќе можат да купуваат квалитетни прехранбени производи по цени пониски и до 80 отсто.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „ПИК Ријека" го отвори првиот свој аутлет за храна, продавница во која потрошувачите ќе можат да купуваат квалитетни прехранбени производи по цени пониски и до 80 отсто.
Отворањето на првата продавница од ваков вид на Кварнерската ривиера, во Риека, брендирана како PIKO food outlet, било мотивирано од сознанието дека годишно се фрлаат 400 тони храна, соопштија од компанијата.
Сите производи, како што појаснуваат, се исправни, но цената им е значително пониска, бидејќи се работи за производи со специфичности, како грешка на амбалажата, производи што излегле од арортиманот и повеќе не се произведуваат, стока пред истекот на рокот на траење, или стока од преголеми залихи.
Свежиот дел од асортиманот секојдневно се менува и според роковите за употреба и на тековната понуда на такви производи.
Популарните производи на „ПИК Ријека", како јогуртите Tonka, свежото сирење и тестенитите и други познати хрватски марки се продаваат по цени пониски од 50 до 80 отсто.
Ова е вторпат во Хрватска да се отвори ваков тип на продавница, како минатата година првиот аутлет за храна го доби Загреб.