
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Продажниот центар „Певец Јанкомир“ отворен е на нова локација, на ул. „Велимир Шкорпик“ бр.9. На површина од речиси 15.250 квадратни метри, новиот современо уреден и опремен продажен центар вработува 98 работници и претставува најголемата продавница на „Певец“.
Продажниот центар „Певец Јанкомир" отворен е на нова локација, на ул. „Велимир Шкорпик" бр.9. На површина од речиси 15.250 квадратни метри, новиот современо уреден и опремен продажен центар вработува 98 работници и претставува најголемата продавница на „Певец".
Во присуство на повеќе од 350 доставувачи и деловни пратнери, претседателот на Управата на „Певец" Дарко Шкет, потсети дека компанијата во декември вработила 85 нови работници, а во 2015 година работа ќе добијат 92 луѓе. За следниот месец „Певец" најавува отворање на нов продажен центар во Дубровник, а подоцна и уште еден во Загреб.
Силата на „Певец" се гледа низ неговите вработени. Како што се развиваме како компанија, така и континуирано работиме и на нашите вработени за да бидат позадоволни во компанијата каде што работат, но и тоа задоволство да се одразува на нашите купувачи и потрошувачи, рече Шкет.