
Во Долен Михољац отворена е новата продавница „Супер Конзум“, 57-ма по ред во Хрватска.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во Долен Михољац отворена е новата продавница „Супер Конзум", 57-ма по ред во Хрватска.
Новиот „Супер Конзум" се простира на вкупна површина од 1.671 квадратни метри нудејќи им на своите потрошувачи 20.000 производи. „Супер Конзум" во Долен Михољац вработува 24 работници, а на купувачите на располагање им се 8 каси и 70 паркинг-места.
По повод отворањето „Конзум" донираше 15.000 куни за детската градинка „Пинокио".
Како што се наведува во соопштението, во новата продавница освен широкиот асортиман на свежи производи, меѓу кои месо, риба, деликатеси, овошје и зеленчук, може да се најде и непрехранбена стока, а купувачите можат да ги искористат услугите како плаќање сметки, подигнување готовина, како и откупување на амбалажа.