
Групацијата „Агрофруктус“ отвори нов производствен погон за преработка на овошје и зеленчук во Слатина.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Групацијата „Агрофруктус" отвори нов производствен погон за преработка на овошје и зеленчук во Слатина.
Инвестицијата е вредна околу седум милиони евра, а компанијата ќе ја дочека производствената сезона во потполно нов производствен погон, со што ќе се зголемат капацитетите и ќе се осигури производството на висококвалитетни производи на најсовремените линии за пастеризација на овошје и зеленчук.
На оваа инвестиција се одлучивме со желба да го унапредиме работењето, да ја осигуриме иднината на своите работници, да го ревитализираме производството на овошје и зеленчук во Словенија, но и да го унапредиме хрватското стопанство, нагласи Денис Матијевиќ, директор на „Маринада", една од членките на групацијата „Агрофруктис". Според неговите зборови, намерата им е да покажат дека и во кризни времиња можно е да се направи чекор напред, но дека треба да се препознае важноста на следење на новите технологии, верното работење и континуираното учење и образование.
Производствениот погон користи најсовремена технологија за преработка на овошје и зеленчук на пазарот, го зголемува капацитетот на нашето производство на пастеризирано овошје и зеленчук и претставува можност за понатамошен пораст и напредување, додаде Матијевиќ.