
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во рамките на продажниот центар „Гетро“ во Нови Загреб, „Певец“ го отвори својот нов продажен центар. Со ова отворање мрежата на продавниците на „Певец“ се прошири на 13, со што новиот центар е третиот по ред во Загреб, покрај центрите во Јакомир и Житњак.
Во рамките на продажниот центар „Гетро" во Нови Загреб, „Певец" го отвори својот нов продажен центар. Со ова отворање мрежата на продавниците на „Певец" се прошири на 13, со што новиот центар е третиот по ред во Загреб, покрај центрите во Јакомир и Житњак.
Со ова отворање вкупниот број на вработени во компанијата „Певец" достигна 931, од кои 53 се нови вработувања во центарот во Нови Загреб. Благодарение на отворањето на новиот центар, на жителите на Нови Загреб, достапен им е широк асортиман на производи што ги нудат продажните центри „Певец" и им е овозможено да „Купуваат со насмевка", порачуваат од компанијата.
Како општествено одговорна компанија „Певец" по повод отворањето му се приклучи на проектот „Урбани градини" во организација на Градот Загреб, „24 часа" и радиото „Кај", донирајќи садници и елементи, ја поддржа првата, од низата „зелени" акции.
Освен бројните случувања, промоции и дегустации, на денот на отворањето на новиот центар „Певец" на секој купувач му беше обезбеден и подарок.