
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Трговскиот синџир „Алби“, кој работи во рамките на компанијата „НС Боми“, соопшти дека отворил нова продавница во Ниш, на адресата Шумадиска 1, во индустриската зона Машинска индустрија.
Новоотворениот објект се простира на површина од 1.200 квадратни метри, а на потрошувачите им нуди асортиман од 1.500 артикли.
Продавницата располага со две каси, а за полесно и поудобно купување, трговскиот синџир обезбедил и десет паркинг-места.
Да потсетиме, дисконтерот ја отвори својата прва продавница во Србија во септември 2024 година, во Панчево.
Потоа следуваше проширување на малопродажната мрежа со отворање продавници во Вршац, Шабац, Крушевац, Ваљево, Јагодина, Обреновац, Лесковац, Смедерево, Сомбор, Параќин, Велика Плана и неодамна во Чачак.