
„Виолета“ - Груде, една од регионалните лидери во производство на хигиенски производи, кон крајот на јуни ја отвори новата фабрика на течни детергенти и детски пелени Violeta.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Виолета" - Груде, една од регионалните лидери во производство на хигиенски производи, кон крајот на јуни ја отвори новата фабрика на течни детергенти и детски пелени Violeta.
Ова е важен момент во развојот на нашата компанија и на нашиот бренд. „Виолета" станува рамноправна конкуренција на големите интернационални брендови во оваа категорија. Вкупната инвестиција од околу 20,5 милиони евра ќе обезбеди многубројни директни и индиректни работни места преку дистрибутивни, продажни, маркетиншки и други активности. Се надеваме дека ќе ги поттикнеме и другите домашни компании да вложуваат во производство што претставува клуч за развој на државата, а за „Виолета" ова е успех во долгогодишниот континуиран развој, истакна Петар Ќорлука, претседател на „Виолета".
Тој нагласи, дека освен еколошкото производство кое подразбира сопствен извор на вода, соларно енергетско напојување и потполна ефикасност без отпадни води, фабриката ги задоволува највисоките стандарди за автоматизација и енергетска ефикасност.
Со брзина од 6.000 литри на еден час, фабриката за течни детергенти ќе произведува детергенти за алишта и рачно миење садови, како и омекнувачи за алишта и други средства за лична хигиена.
Како што е изјавено на отворањето, за прв пат во Европа, во рамките на фабриката за производство на пелени ќе се користи најсовремената јапонска технологија со брзина од 800 пелени во една минута и автоматска машина за пакување која за прв пат ќе биде лансирана во БиХ.
Наскоро се очекува пласирање и на нови производи од категоријата лична хигиена.