
„Рода“ на крајот на април во Нови Сад отвори мегамаркет, кој се наоѓа на ул. „Киш Ернеа“ бр.2.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Рода" на крајот на април во Нови Сад отвори мегамаркет, кој се наоѓа на ул. „Киш Ернеа" бр.2.
На продажен простор поголем од 2.200 квадратни метри, новиот мегамаркет „Рода" на сите потрошувачи им нуди богат асортиман на производи за квалитетно семејно купување на едно место, по достапни цени, со многубројни акции и попусти.
Почетокот на работата на овој мегамаркет обележан е со донација на стока на Домот на здравјето во Нови Сад, во износ од 100.000 динари.
За нас овој град е по многу нешта посебен, што и сакаме да го покажеме преку нашите активности. По повод отворањето на мегамаркетот „Рода" одлучивме да донираме производи во вредност од 100.000 динари и на тој начин да им помогнеме на нашите сограѓани и на најмладите. Грижата за локалната заедница е принцип на нашата работа во сите објекти на „Рода", изјави Лазар Марковиќ, директор за малопродажба во „Рода".
На своите сограѓани и верни купувачи „Рода" им подготви бројни изненадувања, па така секое 100 купување беше бесплатно, а сите поени од Супер Картичката беа дуплирани.