
„Кауфленд“ отвори нов хипермаркет во Умаг, на „Новиградска улица“ бр.22, а со тоа отворени се и нови 120 работни места.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Кауфленд" отвори нов хипермаркет во Умаг, на „Новиградска улица" бр.22, а со тоа отворени се и нови 120 работни места.
Во последните неколку години „Кауфленд" ја засили експанзијата на хипермаркети во Хрватска, така што новиот објект е 32 хипермаркет во Хрватска, а трет во Истра.
Новоотворениот објект има 230 паркинг места, а во рамките на објектот се отворени и специјализирани продавници. На повеќе од 2.500 квадратни метри се наоѓаат повеќе од 20.000 различни производи. Потпаролот на „Кауфленд" Дубровко Кушец истакна дека повеќе од 70% од прехранбените производи се од хрватско потекло. Овој хипермаркет гарантира дисконтно ниски цени за 2.500 производи.