
Денес е отворен новиот „Лидл“ во Бежиград, Љубљана. Ова е петтиот објект, а останатите четири се наоѓаат во БТЦ, во областа Рудник, Литијски и во Вижмарјах.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Денес е отворен новиот „Лидл" во Бежиград, Љубљана. Ова е петтиот објект, а останатите четири се наоѓаат во БТЦ, во областа Рудник, Литијски и во Вижмарјах.
Објектот со своите 1.200 кваратни метри продажна површина спаѓа во поголемите продавници на „Лидл" и воедно обезбеди околу 25 нови работни места. Обезбеден е и паркинг простор од 136 места.
Во согласност со својата деловна стратегија „Лидл" сака да ги оствари очекувањата на нашите клиенти и да им понуди квалитетни производи по најниска цена. Во продавницата на „Лидл" во Бежиград клиентите можат да изберат квалитетни производи, а во понуда се секогаш свежо овошје и зеленчук од највисок квалитет, свежи производи од месо и ралични пекарски производи, стои во соопштението на трговскиот синџир.
Традиционално на денот на отворањето доделена е донација на Младинскиот кризен центар, а за сите купувачи обезбедени се попусти на производите, посебна понуда на асортиманот на непрехранбени производи и забава за сите.