
Трговскиот портал eKapija, веќе шеста година по ред организира избор за инвестиција на годината во Србија – „Ауреа 2014“. Конкурсот за пријава беше отворен вчера и ќе трае до 17 февруари.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Трговскиот портал eKapija, веќе шеста година по ред организира избор за инвестиција на годината во Србија – „Ауреа 2014". Конкурсот за пријава беше отворен вчера и ќе трае до 17 февруари.
За наградата „Ауреа" можат да се номинираат компании, кои во последната календарска година реализирале проект, кој исполнува три критериуми: иновативност, општествена корисност и финансиски потенцијал.
Уредничкиот тим на eKapija веќе почна со селекција на кандидатите, а заинтересираните компании можат да се пријават и сами со пополнување на формуларот, кој е достапен на www.aurea.rs.
По анализа на пристигнатите пријави, проектите кои ќе влезат во потесниот круг на овогодишниот натпревар ќе бидат претставени на порталите www.ekapija.com и www.aurea.rs. За победникот ќе одлучува стручно жири, а еден глас ќе дадат и читателите на eKapija и посетителите на порталот www.aurea.rs со гласање по пат на интернет.
Во време, испреплетено со ефекти на глобална и локална криза, особено е тешко да се дојде до инвеститор, кој ќе поддржи нов проект или идеја. Вредностите кои ги промовира „Ауреа" несомнено и постојано се „на радар" на сите сериозни инвеститори, кои инвестираат најмногу во време на криза. Затоа сакам да ги повикам сите компании, кои во минатата година почнале со проект што ги задоволува критериумите на нашиот конкурс, да се пријават. Тоа е сигурен пат да им се претстават на големите потенцијални инвеститори и пошироката трговска јавност, рече Здравко Лончар, директор на eKapija.
Наградата „Ауреа 2014" ќе биде доделена кон крајот на март на свечена манифестација, а освен главната награда, ќе бидат доделени и две специјални признанија, за иновативност и за општествена корисност.
Трговскиот портал eKapija ја организира наградата „Ауреа" во склад со својата насоченост кон одговорно општествено тргување, без финансиски интерес, со намера да ги промовира проектите значајни за развојот на српското стопанство.