
„Кауфлaнд“, кон средината на април, отвори нов објект во Загреб, на ул. „Карел Захрадник“ бр. 16а, со што се обезбедени повеќе од 170 нови работни места.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Кауфланд", кон средината на април, отвори нов објект во Загреб, на ул. „Карел Захрадник" бр. 16а, со што се обезбедени повеќе од 170 нови работни места.
„Кауфланд" – Хрватска во последните неколку години ја забрза експанзијата, така што бројката на објекти во Хрватска достигна 36, додека во Загреб – 8.
На повеќе од 2.600 квадратни метри, на купувачите на располагање им е асортиман од над 20.000 различни производи. Обезбеден е паркинг-простор од 190 места, а во рамките на објектот се наоѓаат уште девет специјализирани продавници, со што се збогатува целокупната понуда.
Дубровко Кушец, ПР-менаџер на трговскиот синџир, истакна дека повеќето прехранбени производи се од домашно потекло, додека приватната трговска марка на „Кауфленд" – K-plus, е сочинета од 1.600 производи.