
На 22 август своите врати ги отвори петтиот „Цм“ во Бања Лука, на ул. „Веселин Маслеша“, бр. 10.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
На 22 август своите врати ги отвори петтиот „Цм" во Бања Лука, на ул. „Веселин Маслеша", бр. 10.
На полиците на „Цм", што се простира на 300 м2, на две нивоа, се најдоа звучни козметичко-парфемски имиња: Lancome, Collistar, Shiseido, Clarins, Yves Saint Laurent, Elizabet Arden и многу други.
Кога е во прашање овој „Цм", можеме да кажеме дека сме единствени. Горди сме на светските брендови што им ги нудиме на купувачите. Не ја занемаривме нашата стандардна понуда, што и во овој „Цм" ќе биде збогатена со новитетите што секој ден ги има сè повеќе, изјавија од менаџментот на „Цм".
На денот на отворањето купувачите добија и пригодни подароци, купони, а најмладите уживаа во дружењето со маскотите на пчеличката Маја и бумбарот Паво.
Овој „Цм" вработува 10 работници, нуди 15.000 артикли и има три благајни.