
На 29 октомври беше отворен реновираниот супермаркет со дрогерија во „Туш центар“ – Домжале.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
На 29 октомври беше отворен реновираниот супермаркет со дрогерија во „Туш центар" – Домжале.
Со новата понуда, „Туш" се стреми секојдевно да ги исполни желбите и барањата на купувачите и да стане првиот избор за жителите на Домжале. Отворањето беше исполнето со бројни изненадувања за посетителите.
Стремежот да ги почитуваме барањата на клиентите и да бидеме во чекор со нивните потреби претставува мотив за следење и прифаќање на најсовремените трендови во купувањето, изјави Ања Марјетич, шеф за корпоративни комуникации во „Туш".
Според современите трговски трендови, маркетот ги следи најновите трговски трендови и ги приспособува кон словенечкиот пазар, со посебен акцент на свежите и домашните производи. Во согласност со стратегијата,беа проширени сите оддели, почнувајќи од пекарницата, одделот за овошје и зеленчук, млечната програма дополнета со домашниот горички јогурт... Новитет е рибарницата, што го надополнува одделот за свежа храна.
Со понудата на словенечките локални производи и новата ексклузивна трговка марка „Словенечки благодети", „Туш" како најголем словенечки трговец ги поддржува домашните произведувачи и преработувачи.