
„Гомекс“ го отвори првиот малопродажен објект во Сремска Митровица во петокот, на 20 јуни. Продавницата се наоѓа на улицата „Јовица Трајковиќ“, бр. 4, а за 27 јуни е најавено уште едно отворање.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Гомекс" го отвори првиот малопродажен објект во Сремска Митровица во петокот, на 20 јуни. Продавницата се наоѓа на улицата „Јовица Трајковиќ", бр. 4, а за 27 јуни е најавено уште едно отворање.
Како што наведуваат од компанијата, новоотворениот објект ќе функционира како минимаркет и се простира на речиси 200 квадратни метри, од што половината е продажен простор. Во него вработени се 6 работници, кои ја поминаа обуката во тренинг-центарот на „Гомекс" во Зрењанин.
Потрошувачите ќе можат да уживаат во купувањето и понудата на повеќе од 3.000 различни артикли. Освен тоа, во асортиманот е и свежото месо на „Панони" во МАП-пакување, што се пакува и стигнува директно од нашиот разладно-дистрибутивен систем, истакнуваат од компанијата.
Како што е најавено, во петок на 27 јуни во Сремска Митровица ќе биде отворен и друг малопродажен објект, на улицата „Бранко Радичевиќ", бр. 50. Ќе се протега на 400 квадратни метри, од што речиси 300 ќе им бидат на располагање на потрошувачите, со повеќе од 5.000 артикли во понудата.