
„Гомекс“ почна со ширење на мрежата и на територијата на Белград. Објектот „Филмски град“, во истоимената белградска населба е отворен на 17.7.2015 година.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.

„Гомекс" почна со ширење на мрежата и на територијата на Белград. Објектот „Филмски град", во истоимената белградска населба е отворен на 17.7.2015 година.
Речиси еден час пред отворањето на објектот се собраа многубројни потрошувачи, со што го потврдија големиот интерес за нашите понуда и асортиман, соопшти „Гомекс".
Објектот се наоѓа на ул. „Илија Стојадиновиќ" бр.18-20 и се простира на продажен простор од 400 м². Според понудата асортиманот спаѓа во категоријата А и на потрошувачите во секој момент им нуди околу 5.000 различни производи. Ова е 121-от објект на „Гомекс" во Србија.
Купувачите особен интерес покажаа за нашите приватни марки и одличната понуда на месо од дистрибутивниот центар со ладилници на „Гомекс" во Зерењанин, како и за секогаш свежото овошје и зеленчук кои ги дистрибуираат нашите соработници од Царска башта, се наведува во соопштението.
Во објектот функционираат три каси, а за брза и љубезна услуга се грижат 18 нововработени работници, кои ја поминаа обуката во тренинг центарот на „Гомекс".
Целата опрема ги задоволува највисоките стандарди што треба да се задоволат при отворање на нов објект, а мораме да додадеме дека ова е вториот објект, по „Европа" во Нови Сад, чијашто внатрешност е брендирана со нови графички решенија, додаваат од компанијата.
Со отворањето на објектот „Филмски град" почна реализацијата на најавениот план за отворање на десет малопродажни објекти во Белград, кој треба да се реализира до крајот на оваа година.