
Компанијата „Бест“ од Травник на 30 август го отвори новиот супермаркет во Требиње, во рамките на печатницата „Графокомерц“, на улицата „Руска“ бр. 2.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Бест" од Травник на 30 август го отвори новиот супермаркет во Требиње, во рамките на печатницата „Графокомерц", на улицата „Руска" бр. 2.
На површина од 1.400 квадратни метри се нуди богат избор на стока за широка потрошувачка, со акцент на секојдневните прехранбени производи. Во составот на објектот има месарница, пекарница и оддел за деликатеси. Исто така објектот содржи и кафе-бар со пицерија, игротека и паркинг-простор со капацитет за 40 автомобили.
На отворањето присуствуваа и претставници на локалните општествени организации, а настанот беше збогатен со културно-уметничка програма.
Со овој објект, бројот на малопродажни супермаркети на „Бест" се зголеми на 48, а компанијата планира да продолжи со понатамошниот развој и проширување во малопродажбата.