
Во Шабац на трети април беше отворен трговскиот центар „Капитол парк“, што е лоциран покрај обиколницата, во близина на крстопатот Шабац-Лозница-Сремска Митровица.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во Шабац на трети април беше отворен трговскиот центар „Капитол парк", што е лоциран покрај обиколницата, во близина на крстопатот Шабац-Лозница-Сремска Митровица.
Инвестицијата е вредна девет милиони евра и е реализирана од страна на британската компанија „Посејдон груп". Центарот се протега на површина од 9.688 квадратни метри, каде што се вработени 150 луѓе. Во рамките на објектот се наоѓа и паркинг, со 395 места.
Во „Капитол парк" се наоѓаат хипермаркетот „Темпо", дрогеријата „Лили", JYSK, „Њујоркер", „Тако фешн", „Спорт вижн", „Џак спорт", „Вулкан", „У ла ла", „Ексклузив чеинџ" и „Шафран", како и „Гламур кафе".