
Компанијата dm на 6 април ја отвори најголемата дрогерија од синџирот во Србија, на булеварот Крал Александар, бр. 30-32, во Белград.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата dm на 6 април ја отвори најголемата дрогерија од синџирот во Србија, на булеварот Крал Александар, бр. 30-32, во Белград.

Новоотворениот објект се простира на продажен простор од речиси 430 квадратни метри и на магацински простор од нешто повеќе од 70 квадратни метри. На денот на отворањето работеа вкупно пет каси, додека за во редовна продажба – функционираат две. Вкупно се вработени седум луѓе.
На традиционалната хуманитарна продажба од 18 до 19 часот, работеа актерките Бранка Пујиќ и Даница Максимовиќ, а приходот од тој период, е дониран на „Дом здравља" – Земун, за тимот за заштита на децата од занемарување и злоставување.
За нашите купувачи подготвивме бројни попусти, а освен вредните награди и подароци, најмладите посетители имаа можност да се дружат со аниматорите, со неизбежното цртање по лице, соопштија од dm.