
Трговскиот синџир со 60 годишна традиција, германскиот „Милер“, отвори нова продавница во Пула, што истовремено е и првата во Истра.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Трговскиот синџир со 60 годишна традиција, германскиот „Милер", отвори нова продавница во Пула, што истовремено е и првата во Истра.
Продавницата се простира на три ката во зградата на некогашниот „Вартекс", на вкупна површина од 1000 квадратни метри, каде што се вработени 30 луѓе. Во приземјето се наоѓа парфимерија, на првиот кат е „Натур" – природна козметика, чорапи и асортиман за нега на телото, вториот кат е резервиран за прехранбените артикли, здрава храна, свеќи, салфети и фотостудио, а на третиот кат може да се најде сè за бебињата, храна за домашни љубимци и средства за домаќинството.
Асортиманот го сочинуваат производи наменети за западниот пазар, што значи дека можат да се купуваат производи како Nutella или средства од оригинално германско производство.