
Трговскиот синџир „Еуроспин“ кон крајот на месецот отвори нов супермаркет, во трговскиот центар „Табор“. Ова е 46-та продавница во Словенија и четврта по ред во Марибор.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Трговскиот синџир „Еуроспин" кон крајот на месецот отвори нов супермаркет, во трговскиот центар „Табор". Ова е 46-та продавница во Словенија и четврта по ред во Марибор.
Објектот се простира на 1.200 квадратни метри, а паркинг е обезбеден за 218 возила. Во објектот е достапен асортиман од околу 1.500 производи. Инсталирани се четири каси, а за услугата се грижат осум вработени.
Трговецот, кој во Словенија и во Италија работи со повеќе од 1.000 објекти, најави дека во текот на наредната година во Словенија ќе отвори уште 4 или 5 објекти.